Галтие е минато: ПСЖ почнал преговори со Нагелсман!

191

Нема веќе дилеми. Криштоф Галтие ги брои последните недели или денови како шеф на струката во ПСЖ. Повеќе од јасно е дека тој нема следната сезона да биде на клупата на “светците“, катастрофалните резултати на тимот под негово водство и тоа одлучуваат раководството на ПСЖ да си бара нов тренер. Најновите информации од Париз велат дека „светците“ веќе почнале преговори со Јулиен Нагелсман, младиот германски тренер кој до пред две недели беше на клупата на Баерн Минхен.

Е, сега, како тие преговори ќе завршат останува да се види, иако покрај Нагелсман богатите шеици од Катар го посакуваат и Зинедин Зидан.

ПретходноДали Челзи има нов тренер: Луис Енрике го убедил Тод Боли дека тој е вистинскиот за “сините“!
СледноЛукаку доби поддршка од Мбапе, Хакими, Винициус…но и од Челзи!