Миленкоски не запира: ПАОК ќе игра во финалето на грчкиот плеј-оф

132

Јошко Миленкоски и неговиот тим ПАОК само неколку дена откако сензационално го освоија Купот на Грција, вечерва се пласираа и во финалето на плеј-офот во грчкиот шампионат. Во третиот полуфинален меч од плеј-офот ПАОК славеше над Панатинаикос со макаимални 3:0 со што ја обезбеди и третата победа во меѓусебните дуели доволна за место во големото финале. Таму ПАОК и Миленкоски за противник ќе го имаат големиот фаворит за титулата, Олимпијакос, кого успеаја да го совладаат во она куп-финале. Олимпијакос исто така со три победи во полуфиналето го завери местото во диналната плеј-оф серија. ПАОК под водство на Миленкоски оваа година испишува нови страници од клупската историја.

ПретходноУругваец ќе го спасува Ваљадолид од испаѓање
СледноЕлитен судија суспендиран 12 меча за удирање на играч