Реал Мадрид влезе во големото „Ел Класико“ со гол заостанување од првиот натпревар на стадионот „Сантијаго Бернабеу“. Сепак, во реваншот пред речиси 95.000 луѓе, кралевите го совладаа најголемиот ривал со 4:0 и одат во финалето на Купот на Кралот, каде што ги очекува Осасуна.
По натпреварот очекувано имаше големо славје во редовите на Реал. Се прослави на теренот и во соблекувалната, а тренерот на кралскиот клуб Карло Анчелоти со една реченица предизвика вистинска експлозија во соблекувалната.
Фудбалерите на Реал мирно го слушаа говорот на искусниот стручњак, а потоа на крајот дојде реченица која ги натера сите да скокаат од радост.
Утре е слободен ден“, изјави Карло Анчелоти, по што дојде до ерупција во соблекувалната. Се чини слободните денови се реткост, но кога ќе се земе во предвид дека истот доаѓа по триумфот над Барселона…
Écoutez la réaction des joueurs du Real quand coach Ancelotti annonce jour de repos demain 😂😂😂 pic.twitter.com/vMcS4V4P6O
— Instant Foot ⚽️ (@lnstantFoot) April 5, 2023