По отказот кој го доби Анте Чачиќ од страна на Динамо Загреб, на наредните натшревари или до крајот на сезоната ако не се најде адекватен наследник, В.Д.тренер на Динамо же биде екс – стратег на Шкендија. А тоа е Рој Ференчина, тренерот кој беше на клупата на тетовци во 2014 година но издржа само неколку месеци по што доби отказ и не се прослави многу.
Инаку Ференчина досега беше еден од помошниците на Чачиќ во Динамо Загреб.
Се разбира дека тешко дека токму Ференчина ќе биде долгорочно решение за “модрите“, туку само на наредните меч-два, додека не се најде нов тренер.
Сепак, останува да се види каков ќе биде изборот на раководството на Динамо Загреб.