Екипата на Манчестер Јунајтед со триумф од 2:0 на Олд Трафорд против Евертон предмалку го отвори новото Премиер лига коло викендов.
Стрелци на головите беа Скот Мектоминеј во 36. минута односно Мартиал во 71. Во игра во која тотално доминираше домаќинот, на гостите единствено треба да им се даде признание околу изведбата на голманот Џордан Пикфорд.
Англискиот репрезентативец имаше фантастичен ден, спаси сигурно четири пет гола, но не можеше да одбрани буквално се. Капитулираше при одлилната асистенција на Санчо и голот на Мектоминеј, како и во катастрофалната грешна на неговата одбрана, асистенцијата на Рашфорд и голот на Мартијал.