Утре во меч од 26.коло во ПМФЛ, со почеток од 15 часот, лидерот на табелата, тимот на Струга ТЛ ја чека екстра тешко гостување, и тоа на Автокоманда.
Повеќе од јасно е дека секој бод, секоја победа се многу, многу значајни во битката за титулата.
Скопје мора да се респектира, а тоа го знае и младиот напаѓач на стружани, Сухејл Мухареми:
„Во недела не очекува тежок натпревар, на гости кај Скопје. И покрај тоа што овој тим моментално е во опасниот дел од табелата, ова според мене не е реална слика, бидејќи Скопје и тоа како поседува квалитет а тоа го покажа со победата на Чаир протов Шкупи. Токму нивната победа повеќе не мобилизираше тимски, па оваа недела работевме повеќе тактички. Доколку ги извршуваме наредбите на тренерот и она што го одработивме во текот на неделата на тренинзите, верувам дека ќе излеземе со позитивен резултат, со кој ќе продолжиме да бидеме удобно на врвот на табелата во ПМФЛ. Почнувајќи од овој натпревар, па се до последното коло, сите наши натпревари се како финалиња, бидејќи имаат голема тежина и историја за нас како тим“ истакна Мухареми.