И Лампард без решение, “волците“ ја продолжија мизеријата на Челзи, Астон Вила не знае за доста! (ВИДЕО)

109

Ете, не било само до Греам Потер. И Френк Лампард нема решение, иконата на Челзи се врати на клупата на “сините“ со пораз и тоа од Вулверхемптон со 1:0 на гости со што клубот од “Стемфорд Бриџ“ само ја продолжи својата мизерија. Матеус Нунјеш во 32.минута го постигна победничкиот гол за “волците“.

Астон Вила под водство на Унаи Емери игра фантастично, денеска триумф над Нотингем Форест со 2:0 и тоа со головите на Траоре и Воткинс.

Ова беше шеста победа на последните седум мечеви за Вила, со едно реми, фантастична серија за тимот од Бирмингем.

Вест Хем како гостин освои златни три бода со победата од 0:1 кај Фулам во градското дерби.

Лестер дома загуби со 0:1 од Борнмут, едноставно не им од никако на “лисиците“.

Њукасл и натаму бележи одлични резултати, попладнево во меч од 30.коло во Премиерлигата, овој тим успеа да слави кај Брентфорд.

И Тотенхем со головите на Сон и Кејн славеше против Брајтон со 2:1.

ПретходноМухареми: Сега секој меч за Струга ТЛ, и овој утре со Скопје, е како финале!
СледноМиовски асистира, Абердин победува!