Срамен потег на капитенот на Баерн, потоа се извинуваше! (ВИДЕО)

690

Баерн Минхен како гостин успеа да победи кај Фрајбург, и со тоа да му се одмазди за поразот во Купот, но капитенот на “баварците“ Џошуа Кимих и тоа како се “прослави“.

На крајот од мечот Кимих напарави срамен потег, најблаго речено ликуваше кон домашните фанови, по што дојде до инцидент.

Сите во домашниот табор беа гневни, без разлика што капитенот на гостите после се извинуваше, а коментаторот на Скај, легендарниот Дитмар Хаман истакна:

Ова го гледаат и младите фанови, на Кимих ова не му требаше. Верувам во карма, на крајот се ќе ви се врати. Да не заборавиме дека Баерн сега игра со Сити во ЛШ“.

ПретходноБилбао со триумф кај Еспањол! (ВИДЕО)
СледноМек Aлистер ќе биде дел од новиот Ливерпул