Вечерва во Гевгелија, во меч од 21.коло во нашата елитна кошаркарска лига, домашниот Кожув успеа во супер интересен дуел, полн со пресврти да го победи Гостивар со 94:87 и блгодарение на последната четвртина која домашните ја добија со блескави 33:19.
Домашните подобро го отворија мечот, првиот период го добија со 21:18, сепак Гостивар врати со +6 во втората четвртина.Следуваше зголемување на разликата, но следуваше исто така голем превсрт во режија на домашните кои се разиграа во последниот период, постигнаа неверојатни 33 поени и на крајот победија, иако на моменти имаа и -14 поени.
Гордон со 38 поени го предводеше Кожуф до оваа победа.