НБА покрена истрага против Далас на Дончиќ!

459

Би рекле очекувано, НБА-лига покрена истрага против Далас, кој намерно го загуби натпреварот против Чикаго булс. Иако Лука Дончиќ и неговите соиграчи имаа шанса да влезат во плеј-инот, сепак било донесено одлука тоа да го прават, поточно да не победуваат, а на последната средба Словенецот одигра само една четвртина по што беше седнат на клупа, во составот го немаше ниту Кајри Ирвинг.

„НБА денес започна истрага за фактите и околностите околу одлуките и списокот на Далас Маверикс во врска со натпреварот Далас-Чикаго, вклучувајќи ги и мотивите зад тие акции“, изјави портпаролот на НБА, Мајк Бас.

Причината за ваквиот потег е поповолна позиција за претстојниот драфт. Далас би завршил на 11 место на табелата со што ќе имаат шанси да го добијат првиот пик на драфтот.

Лос Анџелес Клиперс го победи Портланд Блејзерс со резултат 136:125. Со овој триумф Клиперси се зацврстија на шестата позиција и пласман во плеј-офот, а во првото коло ќе играат против Сакраменто Кингс.

Кошаркарите на Денвер Нагетс загубија на гостувањето кај Јута Џез со 118-114. Очаи Агбаџи со 28 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Кентавиус Калдвел Поуп заврши со 21 поен

На последната средба која се одигра синоќа Сан Антонио загуби од Минесота со 131-151.

ПретходноСлавниот руски фудбалер “удри“ по Путин: Војната во Украина мора да престане!
СледноСкандал во Мадрид: Валверде го чекал играчот на Виљареал на паркинг и му удрил бокс!