Кировски „зема правда во свои раце“…. му го искина црвениот картон на Младеновски (ВИДЕО)

2117

Сме биле сведоци на се и сешто ога станува збор за Мак фудбалот, но во тој „роман без крај“ вчера е додадено уште едно поглавје.

На мечот Тетекс – Гостивар во рамките од новото ВМФЛ коло, судијата Дејан Младеновски на кратко остана без црвениот картон. Зошто? Еве зошто.

На самиот старт на мечот голманот на тетекс Анѓелковски исклучен поради тоа што играл со рака надвор од шеснаесетникот. Оправдано или не? Нека одлучи судиската анализа при ФФМ. Овој потег на главниот судија Младеновски со гнев го дочекаа во таборот на Тетекс, а најјискусниот Христијан Кировски во сета нервоза зеде и го искина црвениот картон на судијата. Ситуација верувале или не. Младеновски замина кај четвртиот судија кој секако имам резервни картони, зеде нов црвен и му го покажа на Кировски.

По ова, Тетекс остана автоматски не со еден туку со два играчи помалку, па нормално е што загуби со 5:0.

VIDEO macedonian football

ПретходноНаковски: Инцидентот има позадина, ние како клуб не оправдуваме ништо од ова
СледноПетровиќ уште две години во Е.Пелистер