Андон Дончевски во посета на репрезентацијата на Македонија до 15 години

656

Македонската фудбалска легенда, Андон Дончевски денеска во Кичево ја посети најмладата репрезентација на Македонија до 15 години предводена од Раде Каранфиловски.

Првиот тренер на репрезентацијата на Македонија им посака многу среќа и успех на младите репрезентативци, советувајќи ги дека дресот со државниот грб е нешто најсветло и најважно и дека секогаш е чест и голема гордост да се носи националниот дрес и да се бранат боите на репрезентацијата.

Репрезентацијата на Македонија до 15 години од 5 до 9 април беше на тренинг камп во Кичево каде што се подготвуваше за претстојниот меѓународен турнир што ќе се одржи во Италија.

Меѓународниот контролен турнир во Италија ќе започне на 25. мај и ќе трае до 1. мај.

ПретходноПолувреме: Мајсторија на Ибраими за водство на лидерот, гол има само уште во Прилеп! (ВИДЕО)
СледноГвардиола: Халанд е на исто ниво како Меси и Роналдо!