И тоа го има во фудбалот. Имено судијата Павел Рачковски заедно со своите помошници, сите од Полска, денеска требало да го судат големото дерби во Грција меѓу Аек и Арис, но проблемот бил во тоа што тие кога дошле на аеродромот во Атина биле – мртви пијани. Во авионот консумирале големи колилчества на алкохол, според медиумите во Грција и Полска, правеле и проблеми.
Па, така веројатно бадијала доаѓале во Атина, секако дека пијани нема да им се дозволи да го судат мечот кој почнува во 17 часот денеска во Атина.