Дончиќ за изненадувачката одлука на Далас: Не ми се допадна!

2277

Лука Дончиќ оваа сезона нема да игра во НБА плеј-офот. Неговиот Далас Маверикс реши да се откаже од борбата на два натпревари пред крајот на сезоната.

Против Чикаго Булс ги одмораа сите најдобри играчи освен Лука Дончиќ, кој беше повлечен после 12 минути на паркетот. Загубија со 115:112 и останаа без плеј-ин. За да ја продолжат сезоната по регуларниот дел од 82 натпревари, Мавс мораа да ги победат Булс, потоа Сан Антонио Спарс и да се соочат со пораз на домашен терен од Оклахома Сити против Мемфис.

Иако одлуката да ја исфрлат сезоната во која го реновираа ростерот и го доведоа Кајри Ирвинг, кој може да си замине по сезоната без обештетување, Мавс имаа многу добра причина за тоа. Со тој пораз обезбедија задржување по својот избор на претстојниот драфт.

„Се договоривме, но не ми се допадна“, изјави Дончиќ по мечот, но и негираше дека побарал да си замине од клубот.

“Не го кажав тоа, туку го прочитав. Некој рече дека сакам да заминам, а тоа не бев јас. Среќен сум овде и нема за што да се грижам”, изјави словенечкиот кошаркар и додаде дека очекува промени.

„Нешто мора да се промени, сигурно. Минатата година отидовме во финалето на Западната конференција, бев воодушевен од атмосферата во тимот“. 

Дончиќ оваа сезона имаше просек од 32,4 поени по натпревар со 8,6 скока и 8 асистенции. Тоа е негова петта сезона во НБА и статистички најдобра. Минатата сезона, тој стигна најдалеку во плејофот, минувајќи ги Јута Џез и Феникс Санс пред да падне во евентуалниот шампион Голден Стејт.

ПретходноЧудесна прва четвртина на актуелниот првак за историја (ВИДЕО)
СледноСоиграч на Трајковски го излуди Ронадло (ВИДЕО)