Соиграч на Трајковски го излуди Ронадло (ВИДЕО)

344

Нашиот репрезентативец Александар Трајковски и неговиот тим Ал Фајха останаа непоразени на домашен терен против Ал Наср за кого настапува Кристијано Роналдо. Одиграа без голови во меч од 23. коло во саудиската Премиер лига, а Трајковски беше на теренот 90. минути. Според оценките, тој беше еден и од најдобрите во редовите на Ал Фајха.

Покрај него во центарот на вниманието се најде голманот, Владимир Стојковиќ. Португалецот не можеше да се помири дека не успеа да го совлада, на крајот од мечот не можеше да го сокрие незадоволството, па со некого влезе во вербален конфликт.

Роналдо одлично се проби по левата страна, но шутираше лошо и Стојковиќ без проблем ја фати топката, а потоа ја бакна бидејќи таа вечерва беше апсолутно негов сојузник.

 

ПретходноДончиќ за изненадувачката одлука на Далас: Не ми се допадна!
СледноСрамни сцени на фудбалски меч во Кочани: Публиката со сочни пцовки кон млади играчи (ВИДЕО)