Викендов ќе се игра “Велигденското коло“, сите мечеви во ПМФЛ и ВМФЛ во сабота!

1258

Вообичаено кога станува збор за “Велигденското коло“, кое е на програмата претсојниот викенд. Имено Комисијата за натпревари на ФФМ, одлучи сите мечеви од 27.коло во ПМФЛ и 24.коло во ВМФЛ да се играат во сабота, и тоа со почеток во 16 часот.

Значи сабота ќе биде „букирана“ со домашен фудбал, а во недела ќе биде ден за одмор за нашите екипи во ПМФЛ и ВМФЛ.

Да потсетиме, во рамките на 27.коло во ПМФЛ се среќаваат: Македонија ЃП – А. Пандев, Работнички – Скопје, Струга ТЛ – Победа, Шкендија – Тиквеш, Силекс – Брегалница а Шкупи е слободен.

Во рамките на 24.коло во ВМФЛ се среќаваат: Пелистер – Борец, Детонит – Караорман, Охрид – Пехчево, Арсими – Саса, Кожув – Беса, дербито Вардар – Гостивар, Тетекс – Воска, Беласица – Слога (В).

ПретходноКикс кој може Арсенал да го чини титула: Солзите на Зинченко!
СледноСкандал во Премиерлигата: Го платија 45 милиони евра а тој ќе се степаше со својот тренер! (ВИДЕО)