Хрватскиот фудбалски стратег Славен Билиќ е многу блиску до клупата на турски Трабзонспор. Според информациите од Турција, Билиќ треба да го преземе тимот во кој настапува нашиот Енис Барди и тоа во скоро време, затоа што преговорите меѓу двете страни се во тек.
Претседателот на Трабзонспор ги потврди преговорите со Билиќ истакнувајќи дека тој е само еден од тренерите со кои преговараат.
„Точно е дека имавме средба со Билиќ. Во моментов сме во преговори со неколку тренери. Преговорите напредуваат со некои од нив“, изјави Доган.
Трабзонспор игра просечно оваа сезона, а моментално го зазема само шестото место на табелата. Билиќ е без работа откако доби отказ од Вотфорд, а го поврзуваат и со репрезентацијата на Украина.