Таму каде е Роналдо нема мир: Ал Наср го избрка тренерот Гарсија

738

Руди Гарсија повеќе не е тренер на Ал Наср. Саудискиот тим за кој настапува Кристијано Роналдо, реши да го смени тренерот поради слабите резултати кои ја доведуваат во прашање шансата за титулата. Сепак, според некои извори, лошиот однос кој францускиот стратег го имал со фудбалерите е вистинската причина за заминувањето.

„Марка“ наведува дека за Гарсија одлучил конфликтот што го имал со играчите во соблекувалната и истакнува дека под знак прашалник е дали клубот ќе успее да ги исполни целите. На седум кола пред крајот на првенството Ал Наср го зазема второто место со три бода помалку од водечкиот Ал Итихад.

Претходно45 гола во една сезона: Халанд испиша нова историја
СледноФудбалер се самозапали бидејќи бил неправедно обвинет за тероризам