Докторот на Баерн е вистински херој! (ФОТО)

957

Баерн Минхен вчера на „Етихад“ на првиот меч од 1/4 финалето во ЛШ беше поразен од Манчестер Сити со 3:0. Секако дека има и реванш во Минхен, не треба да се отпишуваат Германците, но сепак разликата е голема.

Инаку денеска топ вест во врска со “баварците“ е она што го направил нивниот доктор Роланд Шмид, инаку кардиолог.

Image

Имено во авионот кој требало да полета назад кон Минген, на едно лице му се слошило, добил срцец напад, а Шмид веднаш реагирал и го спасил од сигурна смрт тоа лице кое потоа било однесено во болница.

Токму и затоа летот на експедицијата на Баерн доцнел нешто повеќе од еден час.

Во медиумите во Германија, докторот на Баерн се опишува како вистински херој.

ПретходноМЗТ Скопје бара поддршка за дуелот со Цибона: Полна сала за полно срце и победа за Аеродром, Скопје и Македонија!
СледноКонечно отворено прашањето за спортските медиуми и нивната важност во промоција на македонскиот спорт!