Тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие е соочен со сериозни обвинувања за расизам од периодот додека ја тренирал Ница, а парискиот клуб отворил и интерна истрага. Познатиот новинар Ромаин Молина објави електронска порака во која поранешниот спортски директор на Ница, Жулиен Фурние го обвинува Галтие дека од него барал во Ница да не играат црнци или муслимани.
„Галтие ми објасни дека морам да водам сметка за структурата на градот и дека во тимот не може да има толку многу црнци и муслимани. Не зборуваше за спортски термини, туку само во однос на религијата и бојата на кожата“, кажал Фурние за „RMC Sport“.
Во изјава на својот адвокат, Галтие ги негира дека давал дискриминаторски примедби додека бил тренер на Ница.
Stopper tout la vous avez vu la vidéo de Molina sur Galtier mais wshh fait le bannir du foot ?? pic.twitter.com/zYtweKhgM7
— jssm (@kabenueve213) April 11, 2023