Елмас стартер, а Наполи разочаран го напушти „Сан Сиро“ (видео)

379

Екипата на Наполи со пораз од 1:0 се враќа од „Сан Сиро“ од првиот четвртфинален меч во Лигата на шампионите. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше стартер во нападот како лажна деветка поради отсуството на Виктор Осимен, меѓутоа ниту тој, ниту неговите соиграчи не успеаја да го најдат патот до мрежата на домашниот тим.
Наполи не ги искористи своите шанси во првиот дел и беше казнет во 40 минута. По еден брз напад, топката дојде до Исмаел Бенасер кој ја смести во голот на „Росонерите“.
Во 75 минута работата за Наполи стана потешка затоа што остана со фудбалер помалку. Поради втор жолт картон во период од четири минути беше исклучен Ангуиса. И покрај рокадите кои ги направи Лучано Спалети во финишот, неговиот тим не успеа да изедначи.
Па така Наполи шансата ќе ја бара на реваншот на домашен терен.

ПретходноРеал пресилен за овој Челзи и е на чекор до полуфиналето (видео)
СледноНадал ја пропушта и Барселона, само за да биде подготвен за Ролан Гарос