Спалети е задоволен и со поразот во Милано: Одигравме одлично, но имаме план за реваншот

160

Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети иако поразен, изјави дека е задоволен од играта на неговиот тим на мечот со Милан во првото четвртфинале од Лигата на шампионите.

„Коментирањето на натпреварите по последниот судиски свиреж за мене е губење време бидејќи е невозможно да се смени ништо. Само би рекол дека покажавме карактер и му се заблагодарив на тимот што го одигра она што го очекував. Одлична работа. Видов одличен однос и кога бевме со 10 играчи, а посебни честитки до Мањан за одбраните. Браво момци! Секој пораз ја комплицира ситуацијата, но имаме играчи кои можат да ги заменат оние што ќе отсуствуваат. Жал ми е што Ангиса нема да игра во реваншот, не беше фер да биде исклучен. Веќе ја планирав неговата замена, размислував само кого да внесам. Штета што потрошивме минута или две размислувајќи со кого да го замениме“, изјави Спалети.

ПретходноЧикаго и Оклахома направија голем чекор до плеј-офот (ВИДЕО)
СледноАнчелоти урна два рекорди во ЛШ, еден беше на Сер Алекс Фергусон