Анчелоти урна два рекорди во ЛШ, еден беше на Сер Алекс Фергусон

204

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, постави апсолутен рекорд за најмногу натпревари во Лигата на шампионите како играч и тренер. Вчерашниот натпревар со Челзи беше 215-ти за Италијанецот. Од нив, Анчелоти на 21 меч бил фудбалер, а на 194 работел како тренер.

На тој начин легендарниот Италијанец го престигна Сер Алекс Фергусон, кој има 214 натпревари во најсилното европско натпреварување. Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола во моментов има 210 натпревари, од кои дури 49 како фудбалер.

Анчелоти постави и рекорд во Шпанија со тоа што стана тренер на Реал Мадрид со најмногу победи во Лигата на шампионите – 35 на 47 натпревари. Досега на врвот Анчелоти беше заедно со Висенте дел Боске, кој има 34 победи на 60 натпревари.

ПретходноСпалети е задоволен и со поразот во Милано: Одигравме одлично, но имаме план за реваншот
СледноЕлмас: Ќе направиме пресврт на нашиот стадион, а судењето беше многу чудно