Шкендија и ГОК Борец вечерва во битка за финале

179

Одбојкарите на Шкендија и ГОК Борец вечерва (20.30 ч.) во салата на тетовската гимназија ќе го одиграат третиот натпревар од полуфиналната серија на домашната одбојкарска сцена. По првите два дуели резултатот е израмнет (1:1), па сега вечерашнава битка ќе го даде одговорот на прашањето кој ќе им биде противник на одбојкарите на Струмица Никоб во финалната серија.

Шкендија на првата средба од полуфиналето славеше на домашен терен со 3:1 во сетови, додека велешани успеаја да се реваншираат со победа на домашен терен во втриот меч од 3:2 во сетови. Неизвесноста која беше присутна на двете средби најавува дека и вечерва ќе гледаме голема битка за место во финалето.

Екипата на Струмица Никоб веќе ја заврши својата полуфинална обврска откако славеше во двата меча над Работнички 71&22.

ПретходноАлкалоид го сака „скалпот“ и на Е. Пелистер
СледноБританија и Р. Ирска се големи фаворити за домаќини на Евро 2028