Баерн (М) го доведе првото засилување за следната сезона

269

Баерн Минхен го обезбеди своето прво засилување за следната сезона. Играчот од средниот ред на РБ Лајпциг, Конрад Лајмер го потпишал договорот со Баварците, пишува „Билд“.

25-годишниот Австриец се обврзал на верност кон германскиот хегемон до летото 2027 година. Тој доаѓа како слободен играч од РБ Лајпциг.

Поранешниот тренер на Баварците ЈЏулијан Нагелсман беше заинтересиран за потписот на Лајмер, а клубот дури и се обиде да го ангажира минатото лето. Сепак, тогаш „биковите“ одбија 20 милиони евра за правата на својот играч.

ПретходноЛЕ: Манчестер Ј. против најтрофејниот во Лигата на Европа, Јуве домаќин на Спортинг
СледноНиколиќ се враќа за најважниот АБА дуел: Имаме само една опција!