Во малата сала од СРЦ Јане Сандански предмалку тимот на Вардар со конечни 35:19 го совлада тимот на Охрид и на тој начин стигна до веќе што се вели впишан триумф во рамките од 9. коло од плеј офот од овогодинешниот ракометен домашен шампионат. Со тоа, Вардар ја заврши задачата за ова коло и ќе го чека исходот од дербито помеѓу Алкалоид и Е.Пелистер кој се игра вечерва.
„Црвено – црниот“ состав на овој меч рано покажа кој е кој. Првичните 10:4 на полувреме станаа 14-8. Кога некаде на средината на второто полувреме разликата стана двоцифрена, 19:9, беше веќе јасно дека Вардар не само што ќе победи на овој дуел туку тоа ќе го направи на најдобар можен начин.
Марио Стојановски со шест гола најјефикасен, следуваа Лазаревски и Манасков со пет.