Антони го води Јунајтед во Лигата на шампиони

194

Бразилскиот интернационалец Антони постигна гол и имаше асистенција, а Манчестер Јунајтед во гости го совлада Нотингем Форест со 2:0. Со тоа фудбалерите на Јунајтед направија уште еден чекор кон пласман во Лигата на шампионите наредната сезона.

„Ѓаволите“ по 31 коло се трети на табелата со шест бодови повеќе од меч помалку од Тотенхем кој е на петтото место. Форест остана на 18 место со 27 бодови.

На „Сити граунд“ тимот на Тен Хаг победи благодарение на Антони, кој го постигна првиот гол, а потоа му асистираше на Далот за вториот гол.

Во второто полувреме Фернандеш ја погоди и пречката.

ПретходноТрогателна приказна за играчот со една нога чиј гол беше прогласен за најубав во 2022! (ВИДЕО)
СледноФаџоли погреши, Јувентус прими гол и загуби од Сасуоло (видео)