Стручниот штаб и тренерот на кадетската машка ракометна репрезентација, Радослав Стојановиќ го објавија списокот за настап на претстојната ЕХФ недела.
Во рамки на ЕХФ неделата кадетската репрезентација на Македонија ќе оддигра два контролни натпревари против репрезентацијата на Хрватска.
Натпреварите се предвидени да се одиграат на 27.04 (четврток) во 18:00 часот, и на 28.04 (петок) во 18:00 часот во Прелог, Хрватска.