Израелец на клупата на Црвена Звезда за плата од 1 милион евра по сезона!

596

Израелскиот фудбалски стручњак Барак Бахар ја прифатил понудата да биде прв тренер на Црвена Звезда за наредната сезона. На нему му била понудена плата од 1.000.000 евра по сезона, сума која ја прифатил, пренесува „Мондо спорт“.
Тренерот на Макаби од Хаифа ќе потпише двегодишен договор, а побарал заедно со него во Белград да дојдат помошникот Гај Сарфати, тренерот на голманите Гај Вајзингер и кондицискиот тренер Дрор Шимшон.
Моментално српскиот шампион преговара околу обесштетувањето кое го бара Макаби. Тој има договор до крајот на сезоната 2023/24 и најверојатно „црвено-белите“ ќе мора да исплатат околу 600.000 евра.

FOTO> Oфицијален сајт на Макаби Хаифа

ПретходноАлкалоид подобар во скопската пресметка со Пролет
СледноОзил почнува политичка кариера во Турција