Магомедов освои бронзен медал за Македонија на ЕП

211

Ахмад Магомедов освои бронзен медал за Македонија на Европското првенство за сениори што се одржува во Загреб, Хрватска. Магомедов во борбата за бронзата го совлада Ерменецот Арман Авагјан со 7-4.
Инаку ова е првиот медал за Македонија на ЕП во Загреб.
Претходно Магомедов ги совлада Новац од Молдавија, па загуби од Кугиумцидис од Грција, па победи во репасажот против Габриел Рамос од Шпанија.

ПретходноОзил почнува политичка кариера во Турција
Следно„Кралска фешта“ на „Стемфорд Бриџ“ за пласман во полуфиналето на ЛШ (видео)