Суперкомпјутерот прогнозира: Манчестер Сити ќе биде победникот во Лигата на Шампионите!

1832

Откако вчера и официјално завршија четвртфиналните натпревари во ЛШ, сега се знае дека во полуфиналето ќе гледане италијански или милански дуел меѓу Милан и Интер, и дуел на титаните меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити.

Полуфиналињата се играат во мај, а големото финале во јуни и тоа на стадионот „Ататурк“ во Истанбул.

Секако дека фудбалските фанови, посебно фановите на сите овие четири клуба, сакаат да слушнат што велат прогнозите за тоа кој ќе го освои “ушлето“.

И кога е така, тогаш се јави и Суперкомпјутерот кој има своја прогноза. Тој вели дека победник во ЛШ сезонава ќе биде Манчестер Сити предводен од Пеп Гвардиола. Тоа значи дека Пеп прво ќе го мине Реал Мадрид во полуфиналето а потоа во Истанбул во големото финале ќе слави против Интер или Милан.

На Сити му се даваат најголеми шанси, дури 50,25%, следува Реал Мадрид со 22,57%, па Интер со 14,65 % и најмалку шанси му се дава на Милан, само 12,53%.

ПретходноМарканен оди во војска со „војничка“ фризура
СледноТри гиганти со по 150 милиони евра ќе тргнат по Осимен!