Иако желбите на фановите на Наполи се Виктор Осимен да остане барем уште една сезона под Везув, иста таква желба имааи сите во клубот, сепак напаѓачот од Нигерија кој има одлична сезона тешко дека ќе остане во тимот каде што игра и нашиот Елиф Елмас.
Се “шушкаше“ дека Баерн Минхен ќе тргне по него со 100 милиони евра, дека толкава сума “баварците“ ќе му понудат на Наполи за отштета, но сепак во последните неколку денови наголемо се пишуваат дека ПСЖ, Челзи и Манчестер Јунајтед се подготвени за Осимен да дадат и 150 милиони евра.
Ако се знае желбата на Нигериецот да игра и следната сезона во ЛШ, тогаш јасно е дека Челзи отпаѓа од кандидатите, а се шпекулира дека најголеми шанси за потписот на Осимен има клуб од “Олд Трафорд“.