Дортмунд го растури Франкфурт и сега е лидер во Бундеслигата! (ВИДЕО)

144

Борусија Дортмунд и тоа како го искористи киксот на Баерн Минхен попладнево кај Мајнц, успеа да го победи Ајнтрахт Франкфурт со 4:0, да освои големи три бода и да избие на чело на табелата во Бундеслигата. Сега “милионерите“ имаат 60 бодовим а “баварците“ 59 и тоа на пет кола до крајот на тековната сезона.

Дортмунд блескаше на преполниoт „Сигнал Идуна Парк“.

Белингам во 19.минута донесе водство, следуваше голот на Мален пет минути подоцна, па потоа голот на Хумелс во 41.минута за 3:0, резултат со кој се замина на пауза.

Во вториот дел Мален одново стрела во 66.минута за конечни 4:0.

Дортмунд сега има златна шанса по цела една деценија доминација на Баерн Минхен, да освои титула во Бундеслигата, посебно ако се знае во каков шок се “баварците“.

ПретходноМЗТ Скопје водеше двоцифрено, па се спасуваше од пораз!
СледноКожув го суреди Работнички, Гостивар остана непорезен дома!