Етеми му даде два гола на Фенербахче (видео)

852

Македонскиот репрезентативец Валон Етеми постигна два гола за Истанбулспор на гостувањето кај Фенербахче, a неговиот тим му откина бод на фаворитот со ремито 3:3 во рамките на турската Суперлига.

Фенербахче поведе со двата гола на новата тинејџерска ѕвезда Арда Гулер, а во 57. минута и 66. минута Етеми постигна два гола и го изедначи резултатот. Првиот го реализира од пенал, а вториот после еден контра напад Етеми шутира од далечина, топката удри во еден дефанзивец и го измами голманот.
А пет минути подоцна Жоао Педро постигна гол за ново водство на Фенер, во шестата минута од судиското продолжение Езе го изедначи резултатот. За Фенербахче цел меч одигра другиот наш репрезентативец Езџан Алиоски.

Истанбулспор е на 15. место на табелата, а Фенербахче е втор на табелата со 64 бод, шест помалку од лидерот Галатасарај.

 

ПретходноКоментар на 28.коло: И Брегалница на “менито“ на залетаните тетовци, “кикс“ на Шкупи кој скапо ќе го чини!
СледноИ за него има интерес: Нејмар во трансфер плановите на Челзи и Њукасл!