Во пресрет на денешните средби од новото 26. коло во Втората македонска фудбалска лига, се уште се зборува за погодокот на Бојан Иванов од Кожуф на мечот со Гостивар одигран минатиот викенд.
Овој прекрасен погодок од слободен удар сигурно ќе биде конкурент за еден од најубавите погодоци оваа сезона на македонската фудбалска сцена.