Полувреме: Лидерот со водство, мајсторија на “лавот“ Мишевски, води и Шкупи, без голови под Шара и Струмица

291

Завршија првите полувремиња од сите натпревари во денешното 29.коло во ПМФЛ.

Интересно е, но постигнати се само три гола. Во Струга, лидерот со автоголот на гостинскиот голман Давков во 5.минута, води со 1:0 против Тиквеш. Мухареми од лево шутираше, следуваше несреќна реакција на Давков и топката отиде во неговата мрежа.

Исто во 5.минута видовме прекрасен гол на ФФМ. Капитенот на „лавовите“ Филип Мишевски со фантастичен удар од слободен удар од 20 метри успеа да го совлада голманот на Скопје за водство од 1:0.

Водство има и Шкупи против Брегалница со голот на Адетунџи во 16.минута.

Голема битка под Шара меѓу Шкендија и Силекс, закани, но без некои зицер – шанси на двете страни, тетовци “притискаат“, но на пауза се замина со тие 0:0.

Нема голови и во Струмица каде играат А. Пандев и Победа.

ПретходноБразил му даде рок на Анчелоти!
СледноУли Хенес ги посети Баварците на тренинг и имаше „жежок“ разговор со Тухел