Халанд руши рекорди во Премиер лигата

422

Тимот на Манчестер Сити синоѓа направи огромен исчекор кон освојувањето на титулата во овогодинешниот шампионат во Премиер лигата. На свој терен го совлада тимот на Арсенал, директниот конкурент, со 4:1, и сега има два бода помалку од овој тим, но и два меча повеќе за играње. Играч на мечот беше Ерлинг Халанд кој се впиша во листата на стрелците во последните моменти од мечот и го постигна конечниот резултат. Тој гол беше вкупно 33 за него сезонава во Премиер лигата, во 29. меч, што значи дека го сруши рекордот по бројот на постигнати голови откако во оваа конкуренција се играат 38 меча. До крајот Сити има за играње уште седум мечеви.

Рекордот досега во свои раце го имаше МОхамед Салах од Ливерпул кој во сезоната 2017/18 постигна 32 гола. За да стане апсолутен рекордер по бројот на постигнати голови на Халанд му недостига само уште еден гол. По 34 гола постигнале Енди Кол во сезоната 1993/94, односно Алан Ширер 1994/95, но во тој период Премиер лигатаброеше 22 клуба и се играа четири меча повеќе.

Покрај тоа, Халанд стана и најдобар странски стрелец во Премиер лигата и го мина чилеанецот Хорхе Робледо кој постигна 33 гола во сезоната 1951/52

 

ПретходноНикси и Мајами во следната рунда (ВИДЕО)
СледноАртета: Загубивме од подобар тим, неверојатно е што сме во трка за титулата со нив