Сергеј Ребров нема да ја предводи Украина во дуелите со Македонија во квалификациите за ЕП 2024 туку ќе си остане на клупските обврски, пренесува новинарот Мохамед Хамад.
Тој тврди дека 48-годишниот украински тренер се договорил со Ал Аин за продолжување на договорот за уште неколку сезони. Актуелниот договор на Ребров со Ал Аин истекува летото 2023 година.
Претходно украинските медиуми пишуваа дека Ребров сигурно ќе биде нивни селектор, му понудиле договор на 10 години и останале само финансиските детали околу договорот со ФФ на Украина.
Ќе видиме што ќе излезе од целата оваа ситуација.
Инаку Украина на 16 јуни ќе игра против Македонија во квалификациите.