Екипата на Њукасл убедливо со 4:1 го совлада Евертон на „Гудисон парк“ и со тоа остана на третото место на табелата со 62 бода и е блиску до кам-бек во Лигата на шампионите идната сезона.
Вечерва „црно-белите“ имаа се под своја контрола. Калум Вилсон го отвори резултатот во 28 минута, во 45 минута Калверт-Луин погоди за 1:1 меѓутоа голот беше поништен поради офсајд.
Во 72 минута Жоелинтон зголеми на 0:2, а Вилсон со својот втор гол на мечот зголеми на 3:0 за Њукасл. Мекнил во 80 минута намали за Евертон, но во следната акција Марфи ги постави конечните 4:1.
Додека Њукасл се спрема за настап во ЛШ, Евертон е претпоследен и до крајот ќе се бори за опстанок.
На другиот меч Борнмут славеше над Саутемптон со 1:0 во гости. Голот за победа на Борнмут го постигна Таверние во 50 минута. Во 90 минута Че Адамс даде гол за изедначување но ВАР го поништи поради офсајд. Саутемптон е последен на табелата, а Борнмут е на 14. место.