Фиорентина против Интер во финалето на Купот на Италија

158

Екипата на Фиорентина е противникот на Интер во финалето на Купот на Италија за сезоната 2022/23. „Виолетовите“ успеаја да го елиминираат Кремонезе со вкупни 2:0. Со тој резултат победија на првиот меч во гости, а вечерва на „Артемио Франки“ одиграа без голови.
Фиорентина после девет години ќе се бори за трофејот од Купот. Инаку севкупно има 10 финалиња од кои шест пати победувал, последен пат во 2001 година.
Противник на Фиорентина во финалето ќе биде Интер инаку бранител на трофејот од минатата година.
Интер во полуфинлето го елиминира Јувентус со вкупни 2:1 (1:1 во Торино и 1:0 во Милано).
Финалето е закажано за 24 мај на „Олимпико“ во Рим.

ПретходноБиХ ја совладаа Словенија и се блиску до ЕП
СледноЈунајтед водеше со два разлика, па му дозволи на Тотенхем да се врати (видео)