Ливерпул најблиску до Калвин Филипс

172

Калвин Филипс е подготвен да го напушти Манчестер Сити во текот на летото во потрага по поголема минутажа. Според некои англиски медиуми, најсериозен кандидатз а неговиот потпис е Ливерпул.

27-годишниот играч одигра само 405 минути во сите натпреварувања оваа сезона откако му се приклучи на Манчестер Сити за 45 милиони фунти во тект на минатото лето од Лидс Јунајтед. Филипс преку својот агент побарал преселба во друг клуп, затоа што нема намера да ја грее клупата и следната сезона.

Ливерпул е подготвен да му понуди на Филипс излез од „Етихад“, откако стана јасно дека ја прекинале мисијата „Џуд Белингем.

Според Дејли Стар трансферот на Филипс на Енфилд може да се реализира за сума од околу 35 милиони фунти.

ПретходноВо тепачката во Мадрид настрада кошаркарот на Партизан: За Егзум сезоната заврши!?
СледноНавивачите утрово им приредија незаборавен пречек на кошаркарите на Партизан (ВИДЕО)