Навивачите утрово им приредија незаборавен пречек на кошаркарите на Партизан (ВИДЕО)

186

Кошаркарите на Партизан во раните утрински часови се вратиле во Белград од гостувањето во Мадрид по победата на вториот меч од четвртфиналето на плеј-офот во Евролигата. Синоќешниот меч заврши со голема тепачка во која настрада кошаркарот на Партизан Егзум.

Голем број фанови ги пречекале кошаркарите на Партизан на аеродромот во Белград. Двете победи во Мадрид против Реал го донесоа Партизан на чекор до фајнал-форот во Каунас.

Тројката на Кевин Пантер во првиот и убедливиот триумф во вториот меч, кој заврши со тепачка, дополнително ја подгреа и онака големата еуфорија кај навивачите. Аеродромот „Никола Тесла“ утрово бил преполн со поддржувачи на Партизан кои пееја навивачки песни и ги скандираа имињата на своите миленици.

ПретходноЛиверпул најблиску до Калвин Филипс
СледноКатар ќе биде домаќин на СП во кошарка во 2027 година