Шпанците шпекулираат: Дали Зидан ќе се врати на клупата на Реал (М)?

168

Иднината на Карло Анчелоти на клупата на Реал (М) е доведена во прашање. Според „Скај Спортс“, Анчелоти ќе остане во Мадрид само ако тимот ја освои Лигата на шампионите оваа сезона. Инсајдерот Марио Кортегана уверува дека еден трофеј му е доволен на Карло да продолжи со „кралевите“, но доколку тоа не се случи, вратата од „бернабеу“ му е веќе отворена.

Постојат опции за продолжување на кариерата на Анчелоти како селектор на бразилската репрезентација. Бразилците се уштечекаат да видат каков ќе биде расплетот на клупата на Реал по завршувањето на сезоната за да го убедат Италијанецот да го преземе нивниот национален тим. Засега тој не одговара на понудата, затоа што сака да види што ќе се се случи со неговиот статус во Реал.

Мадриѓаните не се сосема сигурни во желбата да го сменат тренерот. Потенцијални кандидати засега се многу малку, веројатно само два вистински: Алваро Арбелоа од младинците или Чаби Алонсо. Сепак, како трета опција почна повторно да се споменува името на Зинедин зидан, кого Перез би сакал да го врати на чело на тимот, ако Анчелоти си замине. Зидан се уште е без работа и внимателно ги разгледува своите опции.

ПретходноБорко ќе го тужи МОК за олимписка лакрдија: Паричната отштета ќе ја донира за РК и ФК Вардар!
СледноИнтер ја одби понудата на Челзи за размена на голманите