Чудна одлука на Арсенал за Гранит Џака!

15751

Манчестер Сити го победи Арсенал со 4:1, па за „топчиите“ освојувањето на титулата англиски шампион во моментов изгледа како недостижен сон.

Позитивно е што Арсенал по шест сезони се враќа во Лигата на шампионите и што Микел Артета веќе подготвува терен за промени на играчи во текот на летниот преоден рок.

Во петокот пристигна дефинитивно изненадувачката вест, а тоа е дека Артета практично се откажал од капитенот Џака, кој има над 300 настапи за клубот од Лондон.

„Дејли Мејл“ пишува дека Џака ќе биде ставен на трансфер листата, Арсенал ќе го продаде во случај на добра понуда.

За време на седумгодишниот престој во Арсенал, Џака имаше голем број инциденти, еднаш дури и му беше одземена капитенската лента, но без разлика на се, одлуката за продажба е вистински шок.

Без разлика на неговиот карактер, овој 30-годишник е еден од најдобрите играчи од средниот ред во светот на својата позиција, а кој и да го донесе во своите редови ќе добие засилување.

Џака во Арсенал пристигна во 2016 година од Борусија Менхенгладбах за 45 милиони евра, а како што сега стојат работите летово ќе мора да ги спакува куферите.

Покрај Џака, на продажба е и Киран Тиерни, а левиот бек очигледно ќе биде патот на Њукасл Јунајтед, кој досега покажа најсериозен интерес откако Зинченко го исфрли од тимот.

Нелосн и Ејнсли Мејтланд-Најлс се исто така играчи кои сигурно заминуваат на лето по истекот на договорот.

Артета ќе бара да донесе квалитетни играчи за проширување на ростерот бидејќи играњето европски фудбал во Лигата на шампионите и Лигата на Европа дефинитивно не е иста работа, па ќе биде интересно да се следи Арсенал на фудбалскиот пазар во текот на летото.

ПретходноТухел: Ситуацијата во Баерн е тешка, но не и безнадежна
СледноМаксимов: Шкендија нема друг избор, мора да ги победи “лавовите“!