Мерџани: Струга ТЛ и во Штип ќе оди на победа!

78

Попладнево во меч од 30.коло во ПМФЛ, лидерот, тимот на Струга ТЛ ќе гостува кај Брегалница. Тоа ќе биде дуел на две квалитетни екипи, дуел од кој многу ќе зависи и битката за титулата. Стружани сега имаат само +2 пред Шкендија и затоа бодовите се императив.

Зија Мерџани, еден од најдобрите фудбалери на Струга ТЛ пред денешниот дуел коментира:

Како и пред секој натпревар, така и пред овој, ние сме подготвени максимално, целта е даде максимумот од нас, само така може да се дојде до бодови кај квалитетниот состав на Брегалница. Не криеме дека и во Штип одиме на победа. Нема да биде лесно. Мораме да бидеме максимално сконцентрирани, да се бориме за својот клуб“истакнува офанзивниот бек на Струга ТЛ.

ПретходноПоследниот „танц“ на Гоце Георгиевски: Националниот дрес секогаш бил светост за мене!
СледноЗдравков: Ослабени го дочекуваме лидерот, Брегалница ќе го даде максимумот!