Стрелба на Тошевски и Тодоровски за радост на Спартак Суботица

298

Спартак Суботица освои шест бода во само четири дена, нешто што на овој тим му се нема случено цела сезона. Овој тим сепак успеа да дојде до ова остварување во најважниот момент, славеше против со 3-0 Колубата и конечно ја напуштија опасната зона.

До убедливата победа Спатак дојде на македонски погон. Македонскиот интернационалец Милош Тошевски овој пат ја имаше клучната улога, беше стрелец на вториот погодок и асистент на останатите два гола. Еден од нив го постигна вториот македонски фудбалер во редовите на овој тим, Андреј Тодоровски.

ПретходноЛокомотив Кубањ ги елиминираше Рајковиќ и ЦСКА!
СледноЧурлинов може да се врати во Шалке само по еден услов!