Поранешниот македонски репрезентативец, Филип Лазаров ја исполни целта со Интерактив оваа сезона. На едно коло пред крајот неговиот тим го совлада Рефрат со 28-18 и пбезбеди пласман во Третата лига во Германија.
Македонскиот тренер не го криеше задоволството од големиот успех на тимот.
„Многу сум среќен и горд на мојот тим и сите вклучени во проектот. Можам само да им се заблагодарам на сите од се срце, играчите, тренерскиот тим и на целото семејство Шлиркамп за можноста да го тренирам овој тим. Мислам дека тимот имаше одлична сезона и на крајот заслужи промоција“, рече Филип Лазаров, кој со Интерактив на 25 меча немаат пораз.