Партизан и Реал Мадрид ќе играат, но без музика и забавна програма

621

Поради трагедијата која што се случи утринава во Белград и масакрот во кој се убиени ученици во едно основно училиште во главниот град на Србија, мечот од плеј офот во Евролигата помеѓу Партиза и Реал Мадрид ќе се одигра под посебни околности.

Четвриот меч од оваа серија која во моментов е 2:1 за Партизан, ќе се игра без музика и без забавна програма која што е секогаш пропратен елемент на ваквите настани.

Но, и покрај шпекулациите дека натпреварот евентуално може да биде одложен, сепак, тоа нема да се случи. Мечот ќе се одигра во планираниот термин, утре со почеток од 20:30 часот.

 

ПретходноАеродром му подаде рака на ФК Вардар
СледноАлварез од јуни заминува во Тајланд