Денеска промоција на Миленкоски: 20 имиња на списокот за Европската Златна лига

772

Откако беа потврдени најавите на СПОРТМЕДИА за враќањето на нашиот најтрофеен одбојкарски стручњак Јошко Миленкоски на кормилото на нашата одбојкарска репрезентација, денеска Одбојкарската федерација на Македонија закажа и официјална промоција на новиот селектор. На најавената прес-конференција освен промоцијата на Миленкоски ќе биде преставен и неговиот состав на помошници во чии редови се најавени две имиња, Хари Наковски и Хабил Ајети, а треба да биде претставен и планот на подготовките за престојните настапи во Европската Златна лига која започнува на крајот на овој месец.

Миленкоски по 15 години се враќа на кормилото на нашата репрезентација во годината во која Македонија ќе биде учесник и ко-домаќин на Европското првенство. Новиот селектор денеска треба да го објави и списокот на одбојкари на кои ќе смета за престојните настапи во Европската Златна лига, откако во ЦЕВ веќе се пријавени 20 имиња.

Во поширокиот список за оваа репрезентативна активност се најдоа: Дарко Ангеловски, Ѓорѓи Ѓорѓиев, Ефтим Ричлиев, Никола Ѓорѓиев, Владо Милев, Стојче Арсов, Славе Наков, Александар Љафтов, Филип Лепидовски, Давид Стојанов, Филип Деспотовски, Стефан Алексов, Ангел Бошков, Филип Маџунков, Стојан Илиев, Иван Андонов, Васе Михаилов, Костадин Ричлиев и Филип Савовски.

ПретходноАмериканската спринтерка Боуви најверојатно извршила самоубиство?
СледноНавивачи на ПСЖ со погрдни пароли пред куќата на Нејмар (ВИДЕО)