Кошаркарите на Партизан денеска ќе го пречекаат Реал Мадрид во четвртиот натпревар од четвртфиналната серија на плеј-офот во Евролигата. Натпреварот нема да се одвива во препознатлива атмосфера, поради тешката трагедија што се случи во средата во Белград. Наместо кореографија, „црно-белите“ навивачи подготвуваат трогателно збогување со жртвите од масакрот кој ги потресе сите.
Настанот ја потресе целата држава ќе почне со едноминутно молчење во чест на жртвите, а во белградската „Штарк арена“ нема да се слуша музика, ниту ќе има програма меѓу четвртините.
Домашните навивачи подготвуваат трогателно збогување со децата со цвеќе кое ќе биде донесено пред мечот и кое ќе биде пуштено на теренот пред почетокот на мечот како симболично збогување со загинатите. Натпреварот е закажан за 20:30 часот.